зашто ѓаволот греши од почетокот. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот. 1 Jованово 3:8

Вака зборува Господ, Бог, Кој ги создаде и ги оптегна небесата, Кој ја распростре земјата и нејзините растенија, Кој им дава здив на народите на неа, и здив на суштествата што одат по неа. Исаиjа 42:5

Бог, Кој го создаде светот и сè што е во него, како Господар на небото и на земјата, не живее во ракотворни храмови ниту прима служба од човечки раце, како да има потреба од нешто; бидејќи Тој, Самиот, им дава на сите: живот, здив и сè. Тој, исто, направи целиот човечки род да потекнува од еден човек и да се насели по лицето на целата земја; откако им определи одредени времиња и граници на нивните живеалишта, за да Го бараат Бога; не би ли Го напипале и нашле некако, зашто Тој не е далеку од ниеден од нас. Зашто во Него живееме, се движиме и постоиме […]И така, не гледајќи на времињата на незнаењето - Бог сега им заповеда на луѓето да се покајат сите и насекаде Дела Апостолски 17:24-28, 30

Кој во минатите поколенија ги пушти сите народи да одат по своите патишта, и сепак никогаш не прекратуваше да сведочи за Себеси со Своите добрини, давајќи ви од небото дождови и плодоносни времиња и полнејќи ги вашите срца со храна и веселба.” Дела Апостолски 14:16-17

„Молчев долго, бев тивок, се воздржував; сега викам […] Исаиjа 42:14

[…]откровението на тајната, за која се молчеше од вечни времиња; а сега се јавила и по заповедта на вечниот Бог, а преку пророчките списи, соопштена на сите народи, приведувајќи ги кон послушност на верата, Римjаните 16:25-26

"А ти, Данииле, сокри ги овие зборови и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ќе ја прочитаат и знаењето ќе се умножи." Даниел 12:4, Библиjа, Прво целосно издание во превод на современ Македонски литературен јазик, издадено од Македонската Православна Црква , 1990

[…] А сега ќе ти навестам нешто ново, тајно што уште не го знаеше; […] за тоа досега ништо не си чул, за да не речеш: ‘Знаев.’ Не чу за тоа ниту знаеше […] Исаиjа 48:6-8

Ќе ги поведам слепите по пат, што тие не го знаат, ќе ги водам по нејзини патеки, темнината ќе ја направа светлина пред нив, а кривите патеки - прави: ете, што ќе направам Јас за нив, и нема да ги оставам. Тогаш ќе се свртат назад и со голем срам ќе се покријат оние, што се надеваат на идоли, кои им велат на идолите: вие сте наши богови. Слушајте, глуви, и гледајте, слепи, за да видите. Исаиjа 42:16-18, Библиjа, Прво целосно издание во превод на современ Македонски литературен јазик, издадено од Македонската Православна Црква, 1990

Слушајте го ова, сите народи, чујте, сите жители на земјата, вие, деца на народот, и вие високо поставени, богати и бедни заедно! Мојата уста ќе зборува мудрост, и моето срце разумни мисли. Псалм 49:1-3

[…] ѓаволот греши од почетокот. […] 1 Jованово 3:8

[…] Господ Бог зборува вака: […] Во Едом во Божјата градина, живееше ти, […] Те поставив како раскрилен херув, заштитник: беше на светата Божја Гора, одеше сред огнено камење. Совршен беше по своите патишта од денот на своето создавање додека не ти се зачна беззаконие во срцето. […]и згреши. Така те отфрлив од Божјата Гора, те истргав, херуву заштитнику, од средината на огнените камења. Езекиел 28:12-16

И настана војна во небото; Михаило со своите ангели завојува против змевот. И змевот и неговите ангели завојуваа, но не устоија и не им се најде веќе место во небото. И беше исфрлен големиот змев, старата змија, наречена ѓавол и сатана, која го заведува целиот свет; беше исфрлен на земјата, и неговите ангели беа исфрлени со него. Откровение 12:7-9

Господ, Бог, го обликува човекот од земниот прав и му дувна здив на живот во носалките. Така човекот стана жива душа. Битие 2:7

Змијата беше полукава од сите полски животни, што Господ, Бог, ги направи. Таа и рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол, - не ќе јадете од ниедно дрво во градината?” Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!’” А змијата и рече на жената: „Навистина, не ќе умрете! Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.” Жената виде дека дрвото е добро за јадење, пријатно за очите и дрво пожелно за да се постане мудар: набра од неговиот плод и го јаде. Му даде и на својот маж, кој беше со неа, па и тој јадеше. […] Тогаш му рече: […] Да не си јал од дрвото, за кое ти заповедав да не јадеш?” Човекот рече: „Жената, која Ти ми ја даде со мене, таа ми даде од дрвото, па јадев.” Господ, Бог, и рече на жената: „Што е тоа што го стори?” „Змијата ме измами, па јадов,”- рече жената. Битие 3:1-6, 11-13

[…] Тој (ѓаволот) беше човекоубиец од почеток и не остана во вистината, зашто нема вистина во него. Кога зборува лага, зборува од своето, зашто е лажец и татко на лагата. Jован 8:44

[…]И Авел стана овчар, а Каин беше земјоделец. По некое време Каин му принесе на Господа дар од плодовите земни; а и Авел исто така принесе од првината на стадото свое и од маста. И Господ погледна милозливо на Авела и на неговите дарови; а на Каина и на неговите дарови не погледна милозливо. Затоа Каин се огорчи многу, и лицето му потемне. Тогаш му рече Господ Бог на Каина: "Зошто се огорчи? Зошто се помрачи лицето твое? Зарем, кога правиш добро, не го креваш ли лицето? А ако не правиш добро, тогаш гревот е пред вратата: тој те влече кон себе, но ти надвладај го!" Битие 4:2-7, Библиjа, Прво целосно издание во превод на современ Македонски литературен јазик, издадено од Македонската Православна Црква, 1990

Ниеден, кој е искушуван, да не рече: „Бог ме искушува.” Зашто, Бог не се искушува од злото, и Самиот никого не искушува. Туку, секого го искушува неговата сопствена похот, која го влече и го мами. Потоа похотта зачнува и раѓа грев, а направениот грев раѓа смрт. Jаков 1:13-15

Каин пак му рече на својот брат Авел: „Ајде да излеземе!” И откако се најдоа во полето, Каин скокна на брата си Авела и го уби. Потоа Господ го праша Каина: „Каде е брат ти Авел?” „Не знам - одговори - зар сум јас чувар на својот брат?” Господ продолжи: „Што направи? Слушај! Крвта на твојот брат вика кон Мене од земјата. Битие 4:8-10

По ова се познаваат Божјите деца и ѓаволските деца: секој, кој не врши правда и не го љуби својот брат, не е од Бога. […] Не како што Каин беше од лукавиот и го уби брата си. И зошто го уби? Зашто неговите дела беа зли, а на брата му - праведни. 1 Jованово 3:10, 12

[…] како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија. Римjаните 5:12

Ако речеме дека немаме грев се измамуваме сами себе, и вистината не е во нас. Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда. 1 Jованово 1:8-9

Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето. Исаиjа 55:7

Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив. […] Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија. Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него. Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија. Псалм 103:8, 10-12

Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав. Псалм 103: 14

оти нашата борва не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата. Ефесjани 6:12, Библиjа, Прво целосно издание во превод на современ Македонски литературен јазик, издадено од Македонската Православна Црква , 1990

[…] вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта. 1 Петар 5:8

[…] зашто ѓаволот греши од почетокот. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот. 1 Jованово 3:8

Зашто навистина, Тој не им даде помош на ангелите, туку дава помош на Аврамовото семе. Евреите 2:16

Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Jован 3:16-17

Во тоа ни се откри Божјата љубов, кон нас, што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него. Љубовта е во ова: не дека ние сме Го возљубиле Бога, туку Тој нè возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови. 1 Jованово 4:9-10

Тој е жртва помирница за нашите гревови; не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет. 1 Jованово 2:2

зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава, но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христа Исуса, Римjаните 3:23-24

И така, како што преку престапувањето на еден човек дојде осудувањето на сите луѓе, така и преку правдата на Единиот дојде оправдуваето за живот на сите луѓе. Римjаните 5:18, Библиjа, Прво целосно издание во превод на современ Македонски литературен јазик, издадено од Македонската Православна Црква , 1990

Така е напишано: „Првиот човек, Адам, стана жива душа”; а последниот Адам - животворен Дух. […] Првиот човек е од земја, земјен; вториот Човек е од небото. Каков е земниот, такви се и земните; каков е небесниот, такви се и небесните. И како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме и обликот на небесниот. 1 Коринтjани 15:45, 47-49