Излезете од неа, народе Мој, за да не бидете соучесници во нејзините гревови Откровение 18:4

Тогаш Бог ги изговори сите овие зборови: „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството. Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене. Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение, а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди. Не ќе го изговараш напразно името на Господа, твојот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име. Излез 20:1-7

„Ако во твојата средина се појави некаков пророк или човек со гледање во соништа, па ти изнесе некаков знак или чудо; и тој знак или чудо, за кое ти зборувал, се исполни, и тогаш тој ти рече: ‘Да тргнеме сега по други богови, кои досега не ги познаваше, и ним да им искажуваме почитување,’ не слушај ги зборовите на тој пророк ни соништата на тој сонувач: па тоа ве искушува Господ, вашиот Бог; сака да дознае дали навистина Го љубите Господа, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа. Одете само по Господа, својот Бог; бојте се од Него; вршете ги Неговите заповеди; слушајте го Неговиот глас, служете Му; прилепете се кон Него. Второзаконие 13:1-4

„Внимавајте добро! Во оној ден кога Господ, вашиот Бог, ви зборуваше пред огнот на Хорив, не видовте никаков лик, за да не се расипете па да не си направите за себе некаков делкан лик, кип со машко или женско обличје, ниту со обличје на некакво животно што е на земјата, ниту со обличје на некаква птица што лета под небото, ни со обличје на што и да е што ползи по земјата, ни со обличје на некаква риба што е во водата, под земјата, и за да не се заведеш, кога ќе ги подигнеш своите очи кон небото па ги видиш сонцето, месечината и ѕвездите - сета небеска војска - па да им се клањаш и да им искажуваш почитување. […] Второзаконие 4:15-19

„Кога ќе влезеш во земјата што ти ја дава Господ, твојот Бог, не приучувај се на одвратните гнасности на оние народи. Кај тебе нека не се најде некој, кој би ги гонел низ оган својот син или својата ќерка; кој би се бавел со гатање, чародејство, вражање и волшебништво; никој кој би баел, кој би повикувал духови и души на предците или кој би се обраќал на покојниците Зашто му се гади на Господа, секој што прави нешто такво; […] Второзаконие 18:9-12

Ако ви речат: „Прашајте ги духовите и оние кои пророкуваат за иднината, што шепотат и м’рморат” - одговорете: „Зар народот не треба да Го праша својот Бог? Зар мртвите се прашуваат за живите?” Покрај Законот! Покрај сведоштвата! Ако не зборуваат според ова слово, нема светлина во нив. Исаиjа 8:19-20

Зборувајќи дека се мудри, станаа безумни, и ја заменија славата на нераспадливиот Бог со слика слична на распадлив човек, на птици, на четвороножни животни, и на лазачи. Римлjаните 1:22-23

Вадат злато од ќесето, и со мерилка мерат сребро, па немаат златар да направи бог од него, па пред него паѓаат ничкум и му се клањаат. Го креваат на рамо и го носат, тогаш го ставаат на неговото место; тој стои и не се помрднува од него. Го повикуваат, тој не одговара, и никого не го спасува од неговата неволја. Спомнете си за тоа […] Исаиjа 46:6-8

Дрводелецот зема мерка, го оцртува ликот со писалка, го истружува со длето, го заокружува со пергел и го изделкува по углед на човечкиот лик, како убаво човечко обличје, за да стои во куќата. Си насече за себеси кедри, зеде чемпрес или даб што ги одгледуваше за себе среде горските дрва; […]На човека му се добри за оган; ги зема да да се огрее; ги пали за да испече леб. Но од нив делка и бог, пред кого паѓа ничкум, прави идол и му се клања. И така, половина од тоа запалува оган, пече месо на жар, јаде печено и се сити: се грее и говори: „Ах, се греам и уживам покрај огнот.” И така, половина од тоа запалува оган, пече месо на жар, јаде печено и се сити: се грее и говори: „Ах, се греам и уживам покрај огнот.” Не знаат тие и не разбираат: очите им се заслепени, па не гледаат, и срцето, па не сфаќаат. Таквиот не размислува, во него нема ни знаење ни разумност да си рече: „Со половината од ова запалив оган, испеков леб на жарта, го испржив месото што го изедов, па зар од останатото ќе направам гад? Зар ќе му се клањам на дел од дрво?” Тој ја сака пепелта, измаменото срце го заведува. Не ќе го спаси својот живот и никогаш не ќе рече: „Не е ли измама ова во мојата десница?” Исаиjа 44:13-20

И бидејќи сме Божји род, не треба да мислиме дека Божеството е како злато, или сребро или камен; како творба на човечката уметност и замисла. Дела Апостолски 17:29

Или како се сложува Божјиот храм со идолите? Зашто, ние сме храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе живеам во нив и ќе одам сред нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.” 2 Коринтjани 6:16

Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас? 1 Коринтjани 3:16

Мојот народ гине: нема знаење; […] Колку повеќе ги имаше, толку повеќе грешеа против мене, […] Мојот народ бара совет од дрво, неговата палка му дава одговори: зашто духот на развратот ги заведува нив, та бегајќи од Својот Бог му се предаваат на блудството. Осиjа 4:6-7, 12

И дојде еден од седумте ангели, кои ги имаа седумте чаши, проговори со мене и рече: „Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница, која седи на многу води, со која блудствуваа земните цареви, а жителите на земјата се напија од виното на нејзиното блудствување.” И ме одведе, во духот, во пустината: и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови. А жената беше облечена во пурпурно и во црвено, и украсена со злато и со скапоцени камења и со бисери, држејќи во својата рака златна чаша, полна со гнасотија и нечистота од нејзиното блудство, на челото пак и беше напишано име - тајна: големиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии. […] И ми рече: „Водите што ги виде, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и множествата, народите и јазиците. Откровение 17:1-5, 15

Затоа е наречен Вавилон (Мешање), […] Битие 11:9

Кога ќе народите деца и внучиња и кога ќе престојувате подолго во онаа земја, а ќе се расипете правејќи за себе било какви делкани ликови и вршејќи зло во очите на Господа, својот Бог, така што ќе Го предизвикате на гнев, знајте - ги земам за сведоци против вас небесата и земјата - дека бргу ќе ве снема од земјата […]Господ ќе ве распрсне меѓу народите, и ќе остане само мал број од вас меѓу народите среде кои ќе ве одведе Господ. Таму ќе им се поклонувате на богови што човечки раце ги направиле од дрво и камен, на богови кои не можат ни да видат ни да чујат, ни да јадат ни да мирисаат. Таму ќе Го бараш Господа, својот Бог. И ќе Го најдеш ако го бараш со сето свое срце и со сета своја душа. Сè тоа ќе те снајде во твојата неволја, ама во последното време ти ќе Му се обратиш на Господа, својот Бог, и ќе го послушаш Неговиот глас. Па Господ, твојот Бог, е милосрден Бог; Тој нема да те остави ни да те погуби, ниту ќе го заборави Заветот што со заклетва го склучил со твоите татковци.” Второзаконие 4:25-31

[…] Господ зборува вака: ‘Токму кога на Вавилон ќе му се исполнат оние седумдесет години, Јас ќе ве посетам та ќе ви го исполнам доброто ветување за да ве вратам на ова место. Зашто Јас ги знам Своите замисли за тоа што имам намера со вас - зборува Господ - замисли за мир, а не за несреќа: да ви дадам иднина и надеж. Еремиjа 29:10-11

[…] ќе ги казнам вавилонските кипови, […] ќе се разурнат вавилонските ѕидови. Еремиjа 51:47, 44

„Снижи се, седни во правот, девице, вавилонска ќерко! Седни на земјата, без престол, халдејска ќерко! […]„Седи молчејќи, повлечи се во темнина, халдејска ќерко. Зашто, нема веќе да те викаат владетелка на царствата. […]И така, запри со своите вражања и со толкуте свои баења, околу кои се трудеше од младоста. Ако можат да ти бидат од полза? Ако можеш со нив да предизвикаш страв? Те изморија твоите многубројни советници! Нека станат само да те спасат оние кои ги премеруваат небесата, кои ги набљудуваат ѕвездите и кои секој месец проречуваат што ќе те снајде. Исаиjа 47:1, 5, 12-13

И видов друг ангел како лета посреде небото, имајќи вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата: и на секоја народност и на секое племе и јазик и народ, и зборуваше со силен глас: „Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори. И друг, втор, ангел дојде по него, велејќи: „Падна, падна големиот Вавилон, кој ги напои сите народи со страсното вино на своето блудство.” Откровение 14:6-8

Потоа чув како силен глас од множество на небото, да зборува: „Алилуја! Спасението, и славата, и честа, и силата Му припаѓаат на нашиот Бог, зашто се вистински и праведни Неговите судови! Зашто ја осуди големата блудница, која ја расипа земјата со своето блудство, […] Откровение 19:1-2

Потоа видов друг ангел, како слегува од небото, кој имаше голема власт, и земјата се осветли од неговата слава. И извика со силен глас, велејќи: „Падна, падна големиот Вавилон, и стана демонско живеалиште и засолниште на сите нечисти духови, и засолниште на сите нечисти и гадни птици, […]И еден силен ангел подигна камен, голем како воденички камен и го фрли во морето, велејќи: „Со вакво замавнување ќе биде фрлен големиот град Вавилон, и нема веќе да се најде!” И глас на китаристи и свирачи и флејтисти и трубачи, нема веќе да се чуе во тебе; и никаков уметник од ниедна уметност нема веќе да се најде во тебе; и шум од воденица нема веќе да се чуе во тебе; и и светлината на светилото нема веќе да свети во тебе; и глас на младоженец и невеста нема веќе да се чуе во тебе; зашто твоите трговци беа големци на земјата; зашто со твоите вражања беа измамени сите народи, […]”И земните трговци ќе плачат и ќе ридаат по неа, зашто никој веќе не ги купува нивните стоки, стоки од: злато и сребро, скапоцени камења […]и тела и човечки души. […]И чув друг глас од небото да вели: „Излезете од неа, народе Мој, за да не бидете соучесници во нејзините гревови и да не ги примите нејзините зла; зашто нејзините гревови стигнаа до небото и Бог си спомна за нејзините неправди. Откровение 18:1-2, 21-23, 11-13, 4-5

Бегајте од Вавилон, секој нека го спаси својот живот, за да не изгине заради неговото беззаконие, зашто ова е време на Господовата одмазда, секому му плаќа според заслугата! Еремиjа 51:6

”Затоа, излезете од меѓу нив и одвоете се - говори Господ, и не допирајте се до нечисто; и Јас ќе ве примам; и ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки, говори Господ Сèмоќниот.” 2 Коринтjани 6:17-18

[…] за да го видат сите краишта на земјата Спасението на нашиот Бог. Одете си, одете си, излезете оттаму, не допирајте ништо нечисто! Одете си од неговата средина! […] Исаиjа 52:10-11

измијте се, очистете се. Отстранете ги од пред Моите очи нечесните дела, престанете да правите зло! Учете се на добри дела: […] Исаиjа 1:16-17

[…]‘Врати се, одметничке, Израелу, говори Господ. Не се гневи веќе Моето лице на вас, зашто Сум милостив - говори Господ, не ќе се гневам довека. Само признај ја својата кривица дека се одметна од Господа, твојот Бог, и дека заскита кон туѓинците, под секое зелено дрво, и не го слушаше Мојот глас - говори Господ. Еремиjа 3:12-13

Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето. Исаиjа 55:7