зашто определил ден, кога ќе му суди праведно на целиот свет […] Дела Апостолски 17:31

[…] Господ е наш Судија, Господ е наш Законодавец, Господ е наш Цар […] Исаиjа 33:22

Само еден е Законодавец и Судија, Кој може и да спаси и да погуби. […] Jаков 4:12

И настана војна во небото; Михаило со своите ангели завојува против змевот. И змевот и неговите ангели завојуваа, но не устоија и не им се најде веќе место во небото. И беше исфрлен големиот змев, старата змија, наречена ѓавол и сатана, која го заведува целиот свет; беше исфрлен на земјата, и неговите ангели беа исфрлени со него. Откровение 12:7-9

[…] „Бог ќе им суди и на праведникот и на злосторникот зашто тука има време за секакво нешто и за секое дело: Проповедник 3:17

зашто определил ден, кога ќе му суди праведно на целиот свет […] Дела Апостолски 17:31

[…] го подготви Својот престол за судење. И ќе му суди на целиот свет со правда, ќе ги осуди народите справедливо. Псалм 9:7-8

Веднаш се најдов во духот, и ете: на небото стоеше престол, а на престолот седеше Еден; а Оној Кој седеше изгледаше како камен јаспис и сард; и божилак околу престолот, на изглед како смарагд. И околу престолот имаше дваесет и четири престоли, а на престолите видов дваесет и четири седнати старешини, облечени во бели облеки, а на главите имаа златни круни. […]дваесет и четирите старешини паѓаат пред Оној, Кој седи на престолот, и Му се поклонуваат на Оној, Кој живее во вечни векови, и ги положуваат своите круни пред престолот, велејќи: ”Достоен си, Господи и Боже наш, да ја примиш славата, и честа и силата, зашто Ти си создал сè, и заради Твојата волја суштествува сè и е создадено.” Откровение 4:2-4, 10-11

И видов друг ангел како лета посреде небото, имајќи вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата: и на секоја народност и на секое племе и јазик и народ, и зборуваше со силен глас: „Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори. Откровение 14:6-7

Гледав: престолите беа поставени и Прадревниот седна. Облеката му беше како снег, влакната на косата како чиста волна, а Неговиот престол како огнени пламења и колцата како вжарен оган. Огнена река течеше, извираше пред Него. Илјада илјади му служеа, десет илјади по десет илјади стоеја пред Него, судот седна, книжните свитоци се одвиткаа. […]и ете на небесните облаци доаѓа како Човечкиот Син. Тој Му се приближи на Прадревниот, и Го доведоа кај Него. Нему Му беше предадена власта, честа на царството, за да Му служат сите народи, племиња и јазици. Неговата власт е вечна власт и никогаш нема да помине, Неговото Царство нема да пропадне. Даниел 7:9-10, 13-14

И седмиот ангел затруби, и одекнаа силни гласови на небото, велејќи: „Царствата на светот Му припаднаа на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и ќе царува во сите векови.” Откровение 11:15

И видов и чув глас на многу ангели околу престолот, и живите суштества, и старешините, и нивниот број беше бесконечно голем со илјади илјадници, кои зборуваа со силен глас: „Достојно е Јагнето, Кое е заклано, да прими: сила и богатство, и премудрост и моќ, и чест и слава и благослов.” И го чув секое создание, кое е на небото и на земјата, и под земјата и во морето, и сè што е во нив, да зборуваат: „На Оној, Кој седи на престолот, и на Јагнето, благослов и чест; и слава и власт, во сите векови!” Откровение 5:11-13

И видов ангел, како слегува од небото, кој имаше во својата рака: клуч од Бездната и голема верига. Тој го фати змевот, старата змија која е ѓаволот и сатаната, и го врза за илјада години, и го фрли во Бездната и го заклучи, ја запечати над него, за да не ги заведува народите, додека не се навршат илјада години; потоа треба да биде одврзан за малку време. Откровение 20:1-3

па и ангелите, кои не го запазија своето прво место, туку го оставија своето живеалиште, ги запази во вечни окови под мрак за судот на великиот Ден; Jуда 1:6.

А кога ќе се навршат илјадата години, сатаната ќе биде пуштен од својот затвор, и ќе излезе да ги заведува народите по четирите краишта на земјата, Гога и Магога, и да ги собере за војна, чиј број е како морскиот песок. Откровение 20:7-8

Тогаш Судот ќе седне, ќе му ја одземе власта, ќе ја разурне, ќе ја уништи сосем. Даниел 7:26

А ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше фрлен во огненото и сулфурното езеро, каде се и Ѕверот и лажниот пророк; и ќе бидат мачени дење и ноќе во веки веков. Откровение 20:10

И видов голем бел престол, и Оној, Кој седеше на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и не се најде место за нив. И ги видов мртвите, големи и мали, како стојат пред престолот, и се отворија книжните свитоци; и друг книжен свиток се отвори - Книгата на Животот; и на мртвите им беше судено според она што е запишано во книгите, според своите дела. Откровение 20:11-12

зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот суд, и секој да прими според она што направил во своето тело, било добро или зло. 2 Коринтjани 5:10

И како што на човекот му е определено да умре еднаш, а потоа суд, Евреите 9:27

во Денот, кога Бог преку Исуса Христа, според моето Евангелие, ќе ги суди човечките тајни. Римjаните 2:16

И Тој ни заповеда да му проповедаме на народот и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија на живите и мртвите. Сите пророци сведочат за Него, дека секој кој верува во Него, ќе добие преку Неговото име опростување на гревовите.” Дела Апостолски 10:42-43

”Кога Човечкиот Син ќе дојде во Својата слава и сите ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на Својата слава; и ќе се соберат пред Него сите народи, а Тој ќе ги оддели едни од други, како што пастирот ги одделува овците од јарците. И ќе ги постави овците од својата десна страна, а јарците од левата. Тогаш Царот ќе им рече на оние од десната страна: ‘Дојдете, благословени од Мојот Татко, и примете го во наследство Царството, кое ви е приготвено од создавањето на светот! […] Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели! […]И овие ќе отидат во вечна мака, а праведниците во вечен живот.” Матеj 25:31-34, 41, 46

А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на вражалците, и на идолопоклониците и на сите лажци, нивниот дел им е во езерото, кое гори со оган и сулфур; […] Откровение 21:8

И кој не беше запишан во Книгата на Животот, беше фрлен во огненото езеро. Откровение 20:15