[…] Милоста слави победа над судот. Jаков 2:13

И видов друг ангел како лета посреде небото, имајќи вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата: и на секоја народност и на секое племе и јазик и народ, и зборуваше со силен глас: „Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд, […] Откровение 14:6-7

И ги видов мртвите, големи и мали, како стојат пред престолот, и се отворија книжните свитоци; и друг книжен свиток се отвори - Книгата на Животот; и на мртвите им беше судено според она што е запишано во книгите, според своите дела. Откровение 20:12

Ако пак го исполнувате царскиот закон според Писмото: „Љуби го својот ближен како самиот себе!”- добро правите. Но ако гледате на лице, правите грев, и законот ве осудува како престапници. Зашто кој го пази целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за сè. Зашто Оној Кој рекол: „Не прави прељуба!” рекол и: „Не убивај!” Ако не направиш прељуба, а убиеш, стануваш престапник на законот. Jаков 2:8-11

Ако речеме дека немаме грев се измамуваме сами себе, и вистината не е во нас. 1 Jованово 1:8

[…] Сепак, јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја запознал страсната желба, ако Законот не рече: „Не ќе пожелуваш!” Римjаните 7:7

[…] Дали имаме предност? Никако, зашто веќе ги обвинуваме Јудејците и Грците, дека се сите под грев, како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден; Римjаните 3:9-10

Смили ми се Боже, според Твоето милосрдие, според големите помилувања избриши го моето беззаконие! Най Измиј ме целиот од мојата вина, очисти ме од мојот грев. Зашто го признавам своето беззаконие, мојот грев е секогаш пред мене. Тебе, само Тебе, Ти згрешив и направив што е зло пред Тебе: ќе бидеш праведен кога ќе проговориш, кога ќе пресудиш без прекорување. Псалм 51:1-4

Зар нема да нè оживееш пак, за да се радува Твојот народ во Тебе? Господи, покажи ни ја Својата милост и дај ни го Своето спасение. Да го послушам тоа што ми зборува Господ Бог: зашто Тој ќе им зборува за мир: на својот народ, на Своите избраници, но нека не се свртат пак кон безумие. Навистина, близу е Неговото спасение за оние што се бојат од Него, и Неговата слава ќе живее во нашата земја. Љубовта и вистината ќе се состанат, правдата и мирот ќе се прегрнат. Вистината ќе никнува од земјата, правдата ќе гледа од небесата. Да, Господ ќе даде добро, […] Псалм 85:6-12

„Слушај ме внимателно, народе Мој, Послушајте ме народи! Зашто Законот доаѓа од Мене и Моето право за светлина на народите. Моето спасение ќе дојде како светлина. […] Исаиjа 51:4-5

Бог да ни се смилува и да нè благослови, да нè осветли со Своето лице, за да го запознае целата земја Твојот пат, сите народи Твоето спасение! Псалм 67:1-2

Но нема разлика меѓу Јудеец и Грк; зашто еден и ист е Господ на сите; богат за сите, кои Го повикуваат, зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.” Римjаните 10:12-13

Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија. Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него. Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија. Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав. Псалм 103:10-14

Зашто Бог гледа од Своето возвишено светилиште, гледа од небесата кон земјата, за да ги чуе воздишките на затворените, за да ги ослободи осудените на смрт, Псалм 102:19-20

А водеа и други двајца разбојници, за да ги погубат со Него. И кога дојдоа на местото, наречено Голгота, таму Го распнаа Него; и злочинците - едниот оддесно, а другиот одлево. […] А еден од обесените разбојници Го хулеше: „Зар не си Ти Христос? Спаси се Себеси и нас!” А другиот во одговор го укори: „Зар не се боиш од Бога, кога и ти си исто така осуден. И, ние сме праведно осудени, зашто го примаме заслуженото од тоа што сме сториле. Но, Овој не направил никакво зло.” И рече: „Исусе, спомни си за мене, кога ќе дојдеш во Твоето Царство!” А Тој му рече: „Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.” Лука 23:32-33, 39-43

[…] Милоста слави победа над судот. Jаков 2:13

Сите што го повикуваат Господовото име ќе бидат спасени […] Jоил 2:32

„Но и сега - Господово е словото - вратете се кон Мене со сето свое срце во пост, плач и ридање.” Раскинете ги срцата, а не своите облеки! Обратете Му се на Бога, вашиот Бог, зашто Тој е добар и многумилостив, Тој ќе се сожали на бедата. Кој знае не ќе ли се нажали пак, не ќе ли остави благослов зад Себе! […] Jоил 2:12-14

Јона кога почна да влегува во градот ден одење, проповедувајќи, велеше: „Уште четириесет денови, и Нинивија ќе биде уништена.” И нинивијците поверуваа во Бога; […] Тогаш по одредбата на царот и на неговите големци се огласи и се објави во Нинивија: „Луѓето и добитокот, говедата и овците да не вкусат ништо, ниту да пасат, ниту да пијат вода. Туку и луѓето и добитокот да се покријат со вреќишта, да повикуваат силно кон Бога и секој да се одврати од својот лош пат и од насилствата што се во нивните раце. Кој знае, можеби Бог ќе се смилува и ќе се одврати од Својот лут гнев за да не загинеме?” Бог ги виде нивните дела: дека се обратија од својот лош пат. И Господ се сожали заради несреќата со која им се беше заканил да ја направи, и не ја направи. Jона 3:4-5, 7-10

Кој Бог е како Ти Кој го проштава беззаконието, Кој го проштава гревот и преминува преку престапите на Остатокот на Своето наследство, Кој не дотраја довека во Својот гнев, туку Тој ужива да искажува милост. Уште еднаш, имај милост за нас! Сотри ги нашите беззаконија, фрли ги на дното на морето сите наши гревови! Михеj 7:18-19

Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда. 1 Jованово 1:9

[…] ‘Вие зборувате: „Нашите престапи и гревови нè притискаат и пропаѓаме заради нив. И уште да живееме?”‘ Одговори им: ‘Животот Ми Мој - говори Господ Бог - Мене не Ми е до смртта на безбожникот, туку да се одврати од својот лош пат и да живее! И така, обратете се од својот лош пат! Зошто да умрете, […] Ако му речам на безбожникот: ‘Ќе умреш!’ а тој се одврати од својот грев и почне да прави по законот и правдата; го враќа залогот, го плаќа ограбеното, не правејќи беззаконија - ќе живее, нема да умре! И сите гревови што ги имаше направено ќе му бидат заборавени. Работи според законот и правдата, ќе живее! Езекиел 33:10-11, 14-16

Јас не му ја сакам смртта на никој кој умира - говори Господ Бог. […] Езекиел 18:32

Во тоа ни се откри Божјата љубов, кон нас, што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него. Љубовта е во ова: не дека ние сме Го возљубиле Бога, туку Тој нè возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови. 1 Jованово 4:9-10

Славете Го Господа зашто е добар, зашто е вечна Неговата љубов. И речете: „Спаси нè, о Боже, Спасителу наш, […] 1 Летописи 16:34-35