нека се знае од исток до запад дека сè вон Мене е ништавило. Јас Сум Господ и нема друг;
Но, прашај ги животните, и ќе те поучат; прашај ги небесните птици, и ќе ти објаснат. Земните гуштери ќе ти го протолкуваат тоа, рибите во морето ќе ти раскажат. Од создавањето на светот, кој од нив не знае, дека Божјата рака го создаде сè тоа. Во неговата рака лежи животот на секое суштество и животворниот здив на секое човечко тело. Jов 12:7-10
Да, вака зборува Господ, Творецот на небесата - Тој е Бог - Кој ја вообличи и ја создаде земјата, Кој ја зацврсти и не ја создаде пуста, туку ја вообличи за живеење: „Јас Сум Господ и нема друг. Исаиjа 45:18
Со кого би сте Ме споредиле и изедначиле, со кого би сте Ме споредиле, кому Сум му сличен? Вадат злато од ќесето, и со мерилка мерат сребро, па немаат златар да направи бог од него, па пред него паѓаат ничкум и му се клањаат. Го креваат на рамо и го носат, тогаш го ставаат на неговото место; тој стои и не се помрднува од него. Го повикуваат, тој не одговара, и никого не го спасува од неговата неволја. Спомнете си за тоа […] Исаиjа 46:5-8
зашто ним им е познато она што може да се знае за Бога; Бог им го јави тоа. Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите. Па така немаат изговор. Зашто, иако Го познаа Бога, не Го прославија како Бог, ниту покажаа благодарност; туку станаа суетни во своите мисли и нивното неразумно срце се помрачи. Зборувајќи дека се мудри, станаа безумни, и ја заменија славата на нераспадливиот Бог со слика слична на распадлив човек, на птици, на четвороножни животни, и на лазачи. Римjаните 1:19-23
Бог да ни се смилува и да нè благослови, да нè осветли со Своето лице, за да го запознае целата земја Твојот пат, сите народи Твоето спасение! Псалм 67:1-2
за да му дадеш на Неговиот народ, да познае спасение преку проштавањето на нивните гревови, преку милостивото срце на нашиот Бог, со кое ќе нè посети Зората од висините, за да ги осветли оние, кои седат во темнина и во смртна сенка, и да ги упати нашите нозе по патот на мирот.” Лука 1:77-79
Одговори им: ‘Животот Ми Мој - говори Господ Бог - Мене не Ми е до смртта на безбожникот, туку да се одврати од својот лош пат и да живее! И така, обратете се од својот лош пат! Зошто да умрете, Израелев дому!’ Езекиeл 33:11
„Но и сега - Господово е словото - вратете се кон Мене со сето свое срце во пост, плач и ридање.” Раскинете ги срцата, а не своите облеки! Обратете Му се на Бога, вашиот Бог, зашто Тој е добар и многумилостив […] Jоил 2:12-13
Ти давам тајни сокровишта и скриени богатства, за да сознаеш дека Јас Сум Господ, Кој те повикувам по име […] Јас те повикав по име, те именував иако не Ме знаеше. Јас Сум Господ и нема друг; нема Бог освен Мене. Иако не Ме познаваш, те вооружав: нека се знае од исток до запад дека сè вон Мене е ништавило. Јас Сум Господ и нема друг; Исаиjа 45:3-6
Воспејте Му на Господа нова песна, зашто направи чудесни дела. […]Господ го објави Своето спасение, ја откри Својата правда пред народите. […]Сите краишта на земјата го видоа спасението на нашиот Бог. Воскликни Му на Господа, цела земјо; радувај се, викај весело и пеј! Псалм 98:1-4
[…]Зашто поранешните неволји ќе бидат заборавени, ќе бидат скриени од Моите очи. Зашто, еве, Јас создавам нова небеса и нова земја. Поранешните веќе не ќе се спомнуваат, ниту ќе ви доаѓаат на ум. Веселете се и воскликнувајте довека заради она што Јас создавам; […] Исаиjа 65:16-18